TRAMP

21.02.2025 Скопје

Американскиот претседател Доналд Трамп рече дека очекува кинескиот претседател Си Џинпинг да ги посети Соединетите држави, без да даде временска рамка за тоа кога тоа би можело да се случи.

Трамп им рече на новинарите дека е „можно“ САД и Кина да постигнат нов трговски договор.

Трамп нагласи дека разговара со Кина за социјалната мрежа TikTok, која е во сопственост на кинеската компанија ByteDance, додека САД се обидуваат да посредуваат во продажбата на популарната апликација.

Агенцијата наведува дека разговорот меѓу Кси и Трамп се смета за клучен за потенцијалното олеснување или одложување на царините меѓу САД и Кина.

Кси последен пат ги посети САД во ноември 2023 година, негова петта посета на земјата, кога се сретна со тогашниот американски претседател Џозеф Бајден.

Трамп минатата недела рече дека разговарал со Кси откако ја презеде функцијата, но не даде детали.

Подготвено од М.Д.

About Author