
28.02.2025 Скопје
Севкупен победник на Шарпланинскиот куп за 2025 година е Константин Стоилов (роден 2002) од Бугарија. Тој за сите четири трки во слалом на Попова Шапка имаше севкупно време од 2 минути 53 секунди и 30 стотинки. Во севкупниот пласман втор место освои неговиот сонародник Иван Главчев (2004) со време од 02:56:32.
Третата позиција со исто време од 02:56:66 го делат Марко Семерџиев (2005) исто така од Бугарија и Мирко Лазарески (2003) од РС Македонија. Со тоа Лазарески од сите македонски скијачи кои настапија на 41-то издание на најстарата скијачка манифестација безбеди најдобро време во севкупниот пласман.
На втората трка во слалом, Стоилов победи со вкупно време од 1 минута 20 секунди и 54 стотинки за двете трки, додека втор беше Мирко Лазарески (1:21:26). Третата позиција ја освои Иван Главчев од Бугарија со време од 1:21:49
Во женска конкуренција Лирика Дева (2006) од Република Косово го освои првото место со севкупно време од сите четири трки од 3 минути 18 секунди и 87 стотинки. Второпласирана е Миа Паул (2007) од Бугарија со севкупно врме 03:33:65.
На втората трка во слалом Лирика Дева исто така победи, а Миа Паул беше второпласирана. Македонската скијачка Ева Милевска беше трето пласирана по двете возења во слалом.
Првото место носи награда од 1000 евра, второто 700 и трето место 500 евра. Севкупниот победник Стоилов ја доби и симболичната награда куче шарпланинец.
Подготвено од М.Д.