Citrus-Fruits-Names-for-Preschoolers-and-Kids

24.02.2025 Скопје

Кога ќе се спомене здравата храна, овошјето и зеленчукот се првите работи кои ни паѓаат на ум. Во една неодамнешна научна студија, истражувачите од Универзитетот Вилијам Патерсон во американската сојузна држава Њу Џерси ги анализираа најздравите намирници, сите од растително потекло, класифицирајќи ги според нивното богатство со хранливи материи, минерали и влакна…

Интересно е што нема ниту еден вид овошје во топ 10 – првото се појавува само на 28 место. Сепак, причината за тоа е што зеленчукот, за кој е докажано дека е побогат со вредни состојки, е на врвот на листата и затоа има поголемо присуство меѓу најздравите намирници во светот.

Во секој случај, овошјето е здрава храна, а на оваа листа е рангирано според следниот принцип: колку е поголема содржината на витамини и влакна во однос на калориската содржина, толку е поздрава храната.

Лимон

На прво место меѓу овошјето е лимонот.

Ова цитрусно овошје содржи 53 mg витамин Ц на 100 грама, како и калциум, магнезиум, калиум и растителни влакна. Витаминот Ц е важен за нашиот имунолошки систем, не штити од слободните радикали и е неопходен за формирање на колаген.

Јагоди

Можеби ќе ве изненади што јагодите се второто најздраво овошје.

Излегува дека, со околу 60 mg витамин Ц на 100 грама, јагодите содржат уште повеќе витамин Ц од цитрусното овошје. Богати се и со фолна киселина, железо, магнезиум и калциум. Железото особено придонесува за нормално формирање на црвените крвни зрнца и го промовира транспортот на кислород.

Портокалите

Третото место го заземаат портокалите.

Тие се вистински бомби со витамин Ц, а богати се и со калциум. Покрај тоа, тие содржат калиум и магнезиум, кои се многу важни минерали за регулирање на различни биохемиски реакции и клеточни функции во телото.

Лимета

Четвртото најздраво овошје е лиметата.

Освен витамин Ц, содржи фосфат, калиум и калциум, кои се неопходни за градење на коските.

Црвен грејпфрут

На петтото место е уште едно цитрусно овошје, црвениот грејпфрут.

Овие три овошја можат да ги задоволат вашите дневни потреби за витамин Ц.

Витаминот А и бета-каротенот во грејпфрутот се особено важни за видот и имунолошкиот систем.

Капини

Шестото место е окупирано од бобинки – капини. Меѓу другото, тие содржат калциум, калиум, магнезиум, железо и манган. Имаат темна боја поради антоцијаните, флавоноидите со антиоксидантни, антивоспалителни и анти-стареечки својства.

Бел грејпфрут

Последен на листата на најздрави овошја е белиот грејпфрут.

Белиот слој под лушпата содржи различни диетални влакна важни за здравјето на цревата и варењето.

Подготвено од М.Д.

About Author