
27.02.2025 Скопје
Маж од Шангај изгубил речиси 28.000 долари откако измамници го убедиле да поверува во „врска“ со девојка создадена од вештачка интелигенција.
Измамниците користеле софтвер со вештачка интелигенција за да создадат убедливи видеа и фотографии од млада жена, прикажувајќи ја како измислена „Госпоѓа Џиао“.
Мислел дека е вистинска жена.
Тие ја убедувале жртвата дека нивната врска е вистинска, користејќи лажни слики и приказни за да ја натераат да и испрати пари.
Мажот префрлил околу 28.000 долари на сметка за која верувал дека и припаѓа на неговата онлајн партнерка, верувајќи дека ѝ се потребни средства за да започне бизнис и да лекува роднина.
Измамниците отидоа чекор подалеку, фалсификувале лични карти и медицински извештаи за да ја направат измамата поубедлива. Фотографиите на „Госпоѓа Џиао“ ја прикажувале во различни средини – од уметничко атеље до градски улици.
Локалните медиуми јавуваат дека полицијата покренала истрага, но не се знае дали измамниците се фатени и дали му се вратени парите на човекот.
Подготвено од М.Д.