
05.02.2025 Скопје
Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва потпиша извршна наредба со која САД се повлекуваат од неколку тела на Обединетите нации (ОН) и за ревизија на американското финансирање на светската организација со седиште во Њујорк.
Според указот, САД, меѓу другото, се повлекуваат од Советот за човекови права на ОН, тело во кое САД не се членка, туку само набљудувач.
Со наредбата, Трамп ја продолжи суспензијата на целото американско финансирање на Агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА).
Подготвено од М.Д.