
18.02.2025 Скопје
Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне изјави дека САД најверојатно ќе останат членка на Алијансата, но дека во иднина би можеле да го намалат бројот на свои војници во Европа.
Тој оцени дека „приоритетите на САД се префрлаат на индо-пацифичкиот регион“.
„Сепак, не мислам дека бројот на Американци кои ќе ја напуштаат Европа ќе биде голем“, рече Каво Драгоне.
Подготвено од М.Д.