NAKIT

18.02.2025 Скопје

Вкупното производство на накит во ЕУ достигна 4,36 милијарди евра во 2023 година, што претставува зголемување од еден отсто во однос на претходната година, објави Еуростат.

Канцеларијата на ЕУ задолжена за статистика наведе дека Италија била најголем произведувач, со вкупна вредност од 1,55 милијарди евра, односо 36 отсто од вкупното произвосство во ЕУ.

Следи Франција со 1,44 милијарди евра, а по неа Германија со 507 милиони.

Најголемито релативен раст на вредноста на прозиводство на накит е забележан во Хрватска 26 отсто, Чешка 25 отсто и Ирска 20 отсто.

Наспроти тоа, најголем пад е забележан во Литваија 36 отсто, Летонија 16 отсто и Италија 8 отсто.

Подготвено од М.Д.

About Author