
10.02.2025 Скопје
Според податоците на Националниот оператор на пазар на електрична енергија – МЕМО, минатиот месец од 178 повластени производители на електрична енергија од обновливи извори во земјава произведени се 33.822 МW/h.
Притоа, од 92 мали хидроцентрали, произведени се 17.281 МW/h, од 79 фотоволтаични електрани произведени се 616 МWh, од две ветерни електрани произведени се 12.601 МW/h и од пет термоелектроцентрали на биогас и термоелектроцентрали на биомаса произведени се 3.323 МW/h.
Во однос за тргување со електрична енергија ден однапред, минатиот месец истргувани се вкупно 130.168 МW/h, по просечна цена од 8.819 денари (143 евра)/ МWh.
Подготвено од М.Д.