uefa-konferenciska-liga

21.02.2025 Скопје

Фудбалерите на Панатинаикос се пласираа синоќа во осминафиналето на Конференциската лига, откако на домашен терен во Атина го совладаа Викингур со 2:0 во реваншот од плејофот.

Во првиот натпревар минатата недела тимот на Рејкјавик победи на домашен терен со 2:1.
Пласман во осминафиналето обезбедија и фудбалерите на Целје, откако на гостински терен во Никозија го совладаа АПОЕЛ со 2:0. Првиот натпревар во Словенија беше нерешен 2:2.

Во драматичен натпревар во кој победникот го одлучи пенал серијата, место во осминафиналето обезбеди и норвешки Молде, совладувајќи го во Даблин домашниот тим Шамрок со 5:4.

Фудбалерите на Јагелонија се пласираа во осминафиналето откако во реваншот го совладаа ТСЦ Бачка Топола со 3:1. Полскиот тим со вкупен резултат 6:2 го елиминира српскиот клуб.

Место во осминафиналната жрепка која е закажана за денеска од 14 часот обезбедија и Бетис, Копенхаген, Борац Бања Лука и Пафос.

Подготвено од М.Д.

About Author