
26.02.2025 Скопје
Најмногу девет дена во годината македонските граѓани дишат чист воздух.
„Само два до девет дена во годината граѓаните во РС Македонија дишат чист воздух според податоците на мерните станици во поголемите градови во државата“, изјави Татјана Чакулев од „О2 Иницијативата“, во денешната расправа за аерозагадувањето во Постојаната анкетна комисија за заштитата на слободите и правата на граѓанинот.
Велес, кој е еден од најзагадените градови во РС Македонија, веќе пет години нема инспектор за животна средина, а според оценката на Игор Смилев од невладината Green Power Veles локалната самоуправа не ни сака да има.
Како што кажа во РС Македонија има само 14 инспектори за животна средина а не 17, како што се верува, и невозможно е тие да ја контролираат целата држава.
Повеќето од македонските градови денеска се со средно загаден воздух, според мерните станици на Министерството за животна средина.
Зимава Скопје беше и во првите 5 најзагадени градови во светот.
Подготвено од М.Д.