
20.02.2025 Скопје
Од 1 март 2025 година во Грција ќе се применува мерката бесплатни лекови за оние пензионери кои заминале во пензија по јуни 2016 година кога веќе беше укинат посебниот додаток.
Оние кои ги исполнуваат условите за бесплатни лекови – без партиципација од 25% – мора да ги исполнуваат критериумите за возраст и приход.
Станува збор за 130.000 пензионери – кои треба да ги исполнат потребните услови за да се додадат на постоечките корисници на бесплатни лекови.
Подготвено од М.Д.