snegulka-1068x638-1-696x416

03.02.2025 Скопје

Во текот на новата седмица која што ни следува, поточно од денес (понеделник 3 февруари) па се до крајот на седмицата, нашата територија ќе биде зафатена од значително поладен воздух од североитокот и  од истокот на Европа. Сепак, овој ладен бран бран ќе биде релативно сув без снежни врнежи, што значи дека не очекува сув студ, проследен со повремено засилен северен ветер, особено денес (понеделник), како и во среда.

Сепак, до крајот на денов, во текот на ноќта кон утрешниот ден, ќе има послаби локални врнежи од дожд, додека на планините со надморска височина од над 1500/1600 метри надморска височина ќе има послаби врнежи од снег.

И во Скопје и околкината од денес (3 февруари) па во текот на седмицата температурите позначително ќе опаднат, а особено денес (понеделник) како и во среда повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.До крајот на денов, во текот на ноќта, како и денес (понеделник) ќе има услови за повремен послаб дожд.

Што се однесува до температурите, особено од среда, наутро тие насекаде ќе бидат негативни, односно под нулата и ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -1 степени, додека на високите места и планините, како и на Скијачките центри тие би можеле да се спуштат и под -10 степени. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 2 до 9/10 степени, вели метеорологот.

Подготвено од М.Д.

About Author