
28.02.2025 Скопје
Цената на златото е на историски максимум од околу 2.900 долари за унца во февруари 2025 година, што претставува пораст од скоро 30 отсто во споредба со претходната година. Аналитичарите од Goldman Sachs предвидуваат дека цената би можела да надмине 3.000 долари до крајот на 2025 година.
Геополитичката несигурност, особено конфликтите во Украина и на Блискиот Исток, ја зголемува привлечноста на златото како сигурно прибежиште. Економската нестабилност, високата инфлација и нестабилните валути ги поттикнуваат државите да бараат стабилни алтернативи. Многу држави настојуваат да ја намалат својата зависност од американскиот долар поради растечкиот американски долг и потенцијалните фискални ризици.
Централните банки се главните двигатели на оваа побарувачка. Во 2024 година, тие купиле над 1,000 тони злато за трета година по ред. Меѓу најголемите купувачи се Кина, која купила 44,17 тони во 2024 година, Полска има зголемување од 89,54 тони, Турција купила 74,79 тони и Индија набавила 72,6 тони.
Подготвено од М.Д.