Evra-780x405-1-696x361

25.02.2025 Скопје

Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) бара минимална плата од 500 евра, а придонесите да ги субвенционира државата.

Следниот месец минималецот треба да се зголеми на 24.500  денари. Од ССМ пак предлагаат да биде 30.500 денари, а за разликата од 6.000 денари, работодавачите да бидат ослободени од придонеси,  односно да бидат субвенционирани 12 месеци. Овој предлог деновиве ќе го испратат и до Владата и до Собранието.

Премиерот Христијан  Мицкоски пак чека да види дали двете страни ќе постигнат договор. Вели дека тоа е работа на работодавачите и работниците. РС Македонија има најниска минимална плата во регионот. Повеќето веќе имаат минималец над 500 евра.

Подготвено од М.Д.

About Author