
20.02.2025 Скопје
Технолошкиот милијардер Илон Маск навести дека ќе го истражува Форт Нокс, каде што се чуваат огромните и високо обезбедени златни резерви на САД.
Маск изрази сомнеж за состојбата со златните резерви.
Кој потврдува дека златото не е украдено од Форт Нокс? Можеби е таму, можеби не е. Тоа злато и припаѓа на американската јавност! Сакаме да знаеме дали сè уште е таму“, рече Маск, според Хил.
Републиканскиот сенатор од Кентаки Ренд Пол ја поддржа иницијативата на Маск и му одговори во Х: „Ајде да го направиме тоа“.
Пол подоцна изјави за Фокс њуз дека е потребна поголема транспарентност околу Форт Нокс и неговата содржина.
Некои можеби мислат дека ревизиите не треба да се вршат често, но колку повеќе информации ќе излезат на виделина, толку подобро. Златото сè уште има вредност и, имплицитно, му дава вредност на доларот – рече Пол.
Според американското Министерство за финансии, Форт Нокс има повеќе од 147 милиони унци злато (околу 4.557 тони), што е повеќе од кој било друг објект за складирање злато во САД.
Форт Нокс има строга политика на забрана за посета, а последен пат членовите на Конгресот го прегледале златото во 1974 година. Пред тоа, поранешниот претседател Френклин Д. Рузвелт ја посети базата во 1943 година.
Барањето на Маск е дел од поширокиот преглед на државните институции. Форт Нокс најверојатно ќе биде следната цел на Одделот за владина ефикасност (DOGE), кој ја предводи реорганизацијата на американските владини агенции под администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Ова министерство веќе спроведе реформи во институциите како Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Бирото за заштита на потрошувачите и Министерството за образование. Иницијативата на Маск може дополнително да ги поттикне повиците за преглед на златните резерви на нацијата, што би можело да има пошироки импликации за финансиската политика на САД.
Подготвено од М.Д.