eu struja

19.02.2025 Скопје

Македонските домаќинства плаќаат највисока цена за електрична енергија во регионот, покажуваат најновите податоци за 2024 година.

Според статистиката, просечната цена за киловат-час во РС Македонија изнесува 6,08 денари, што е значително повеќе во однос на соседните земји. Во Албанија и Црна Гора цената изнесува 5,72 и 5,49 денари, во Србија 4,81 денари, во Босна и Херцеговина 4,45 денари, а најевтина струја плаќаат граѓаните на Косово – само 4,05 денари за киловат-час.

Ако земеме во предвид дека едно просечно четиричлено семејство во РС Македонија месечно троши околу 500 kWh, тогаш нивната сметка за струја би изнесувала 3.040 денари. Во споредба со другите земји:
• Во Албанија би плаќале 2.860 денари
• Во Црна Гора би плаќале 2.745 денари
• Во Србија би плаќале 2.405 денари
• Во БиХ би плаќале 2.225 денари
• Во Косово би плаќале 2.025 денари

Ова значи дека македонските граѓани за истата потрошувачка плаќаат 1.000 денари повеќе од граѓаните во Косово и значително повеќе од речиси сите соседи.

Овие бројки отвораат сериозни прашања за енергетската политика и механизмите за регулирање на цените во РС Македонија. Додека граѓаните се соочуваат со сè повисоки животни трошоци, останува дилемата – зошто струјата во земјава е поскапа отколку во целиот регион?

Подготвено од М.Д.

About Author