
21.02.2025 Скопје
Универзитетската болница во Берн објави дека лекарите успеале да одржат живо срце надвор од човечкото тело рекордни 12 часа пред успешно да се изврши трансплантацијата.
Според болницата, лошото време го спречило срцето со авион да стигне до болницата за трансплантација, па со автомобил било пренесено во друга болница.
Пациентот кој го прими срцето е во многу добра состојба по трансплантацијата.
„Способноста да се задржи срцето да чука надвор од телото долго време без оштетување е апсолутна промена на играта за швајцарската медицина за трансплантација“, рече Дејвид Рајнеке, шеф на кардиохирургија во болницата.
Тој додава дека по воведувањето на ex vivo перфузијата, времето на чекање за соодветен орган било скратено за една третина, а бројот на пациенти кои примале орган се удвоил за многу кратко време.
За време на ex vivo перфузијата, органите надвор од телото се перфузираат со раствор кој содржи хранливи материи, кислород и лекови неопходни за одржување на органите во оптимална состојба.
Претходно, органите на донаторот беа исклучени од крвотокот и исплакнати за време на отстранувањето, а потоа се чуваа во транспортни кутии исполнети со мраз, што го одржуваше срцето во живот максимум четири часа.
Подготвено од М.Д.