KOSTEL

20.02.2025 Скопје

Инвеститорот за производство на технолошки напредни автомобилски делови „Костал“ од Охрид е прва компнија која се согласи да го плаќа корпоративниот данок од 15 проценти.

Како што порача министерот за транспорт Александар Николоски, ова решение веќе поминало на Комисијата за економски систем при Владата.

Станува збор за новововеден начин на плаќање данок за македонските компании зад кои стојат големи странски корпорации. Со воведувањето на глобалниот корпоративен данок, повеќе нема да плаќаат дел од данокот во странство, туку целиот износ од 15 отсто, наместо како до сега од 10 проценти, ќе го уплаќаат во РС Македонија.

“ Сакам да се заблагодарам за општествената одговорност што ја има компнијата. Во понеделникот на Комисиjaта за економски систем и тековна економска политика што ја предводам во рамки на Владата, можам слободно да ги пофалам, Костал е првата компанија која се согласи глобалниот корпоративен данок да го плаќа тука во РС Македонија. Тоа се дополнителни средства во македонскиот буџет и очекувам во годините што доаѓаат да се равива соработката и да се отвораат нови работни места, да се зголемува извозот, да се зголемува девизниот прилив и да расте економијата. Владата е партнер на компаниите”- изјави вицепремиерот Николоски.

Глобалниот корпоративен данок ќе го плаќаат компании кои имаат приходи поголеми од 750 милиони евра во странство, поголеми од 10 милиони евра во земјата и добивка поголема од 1 милион евра кај нас.

Подготвено од М.Д.

About Author