20250213104412

14.02.2025 Скопје

Според упатените, Комерцбанк во Германија планира да укине неколку илјади работни места. Две лица запознаени со случајот изјавија дека мерката ќе погоди неколку илјади вработени, додека трето лице изјави дека бројката е од 3.000 до 4.000 – од вкупно 42.000 работници.

Банката со седиште во Франкфурт сака да ги намали своите трошоци преку чисти резови и да ја нагласи својата независност во однос на преземањето на италијанската Уникредит.

Надзорниот одбор на банката ќе разговара за мерките со раководството на целодневен состанок денеска, пред формално да биде претставена стратегијата во четврток, велат упатените.

Комерцбанк одби да ги коментира извештаите за отпуштања.

За потсетување, медиумите објавија дека Комерцбанк планира да затвори 240 свои филијали.

Претседателот на работничкиот совет продолжува со загриженост да ги следи случувањата. Тој се надева дека заедно ќе ја надминат оваа криза.

Банката беше под голем притисок и во 2007 година по финансиската криза и преземањето на банката Дрезднер.

Подготвено од М.Д.

About Author