germanija izbori

25.02.2025 Скопје

Најновите избори за германскиот Бундестаг ја поништија парадигмата дека второпласираниот секогаш е прв губитник. Во актуелната констелација на пратенички места во германскиот парламент може да се каже дека АФД (германската десница која некои ја поистоветуваат со нацистите) освои силно второ место на последните парламентарни избори. И дека на победникот на изборите од ЦДУ/ЦСУ предводен од Фридрих Мерц ќе му биде ѓаволски тешко да формира влада со тие кои се бореше да ги симне од власт.

Германија доби нов состав на „Бундестагот“ (сојузниот германски парламент н.з.). Според првичните информации, а целосно очекувано најмногу гласови освои конзервативната коалиција ЦДУ/ЦСУ предводена од идниот канцелар Фридрих Мерц. Мерц е актуелен по изјавите пред изборите дека доколку победи веднаш ќе ги прати германските разорни воени ракетни системи „Таурус“ на Украина. Тоа што Олаф Шолц сега веќе бивш премиер и актуелен прв опозиционер одби да го направи и покрај силните притисоци од администрацијата на Џо Бајден екс претседателот на САД.

Второто место убедливо го освои десната политичка партија АДФ (Алтернатива за Германија) со која ниту една партија, од парламентарните не сака да коалицира или барем така декларираа пред изборите). Политичките противници не штедеа зборови ниту средства АФД да ја етикетираат како нешто најстрашно односно како партија наследник на нацистичката програма и делување на Адолф Хитлер. И замислете сега за нацистички наследник во германската јавност е прогласена единствената политичка партија што отворено бара мир во Украина и која не ја гледа Русија како агресор на Европа.

Трето место на изборите освои СПД (социјалистичката партија) на досегашниот премиер во оставка Олаф Шолц. За нив аналитичарите и хроничарите на германските избори велат дека го имаат најлошиот резултат во повоена Германија. Тие во неделата освоија 16 отсто од гласовите. Бројни домашни критичари на Шолц му замерија дека во неговиот мандат повеќе се грижел за американските и украинските интереси отколку за стандардот на просечниот Германец. Но факт е дека токму коалицијата на Шолц со лидерите на Партијата на зелените и со Левица пукна заради тоа што Шолц одби да одобри праќање на фамозните ракетни системи со кои Зеленски сакаше да гаѓа руски цели.

Четвртото место на изборите го освои Партијата на зелените која има 12,4 отсто од гласовите и има гранитно гласачко тело. Затоа што не изгуби гласови.

На петото место е германската Левица која освои 8,9 отсто од гласовите.

И тука, со неколку персонални исклучоци, завршува листата партии односно политички сили кои ќе седат во Бундесталот во идните четири години.

Бројни германски политички аналитичари веќе прогнозираат дека Мерц нема да може да ја држи власта цел мандат. И како главен аргумент го наведуваат токму неговиот политички ривал Шолц кој мораше да прави коалиција со Зелените и со Левица. А неговата влада бројни премержија и искушенија и неговото владеење го одбележаа бројни и интензивни конфликти и несогласувања во владеачката коалиција.

Аналитичарите истото му го прогнозираат и на Мерц. Особено затоа што идеолошки нити практично не може никако да направи коалиција со СДП на Олаф Шолц кој всушност и ги изгуби изборите затоа што гласачите беа крајно незадоволни од нив. А Мерц не може да прави ниту коалиција со АФД затоа што како и другите декларираше дека со нив никогаш нема да направи коалиција.

И сега му останува само да преговара со Зелените и со Левица. А што ќе договори и како тоа ќе рефлектира на нивниот рејтинг врз германскиот електорат останува да видиме.

Подготвено од М.Д.

About Author