maxresdefault (1)

03.02.2025 Скопје

Втората најскапа крава во светот Виатина е клонирана во Бразил, а пред две години се проценува дека вреди 21 милион бразилски реали (3,4 милиони евра).

Се наведува дека техниката со која се клонира крава може да чини и до 100.000 бразилски реали (16.514 евра), а Виатина не е единствената која има свој клон, со оглед на тоа што клонирањето комерцијално се спроведува во Бразил од 2010 година.

Како што објасни истражувачот Маурицио Махаим, од бразилската корпорација за земјоделски истражувања (Ембрапа) во Одделението за генетски ресурси и биотехнологија, стапката на успех на клонирање е четири проценти.
Махаим беше дел од истражувачкиот тим кој во 2001 година успеа да го изврши првото официјално клонирање во Бразил, на теле.

Телето, кое е копија на роденото три месеци порано, добило посебна грижа во генетската клиника во Убераба, во Триангуло Минеиро.

„Веќе некое време се обидуваме да го произведеме овој клон, но тоа е многу сложен процес. Минатата година бевме среќни што го видовме тоа да се случи, бидејќи клонот е гаранција дека генетиката на Виатина ќе трае“, објасни ветеринарот Лорани Мораес од Фарма Напемо.

Во Бразил, само сопствениците на животно можат да донесат одлука да го клонираат.

Подготвено од М.Д.

About Author