![KINA](https://glasotnaevropa.mk/wp-content/uploads/2024/08/kina.jpg)
18.02.2025 Скопје
Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун изјави дека „сите засегнати страни“ во војната во Украина треба да учествуваат во мировните преговори, алудирајќи на средбата на американската и руската делегација во Саудиска Арабија.
Тој ги поздрави напорите за постигнување мир. – Истовремено, се надеваме дека сите засегнати страни и сите заинтересирани страни ќе можат во исто време да учествуваат во мировните преговори.
Се надеваме дека сите страни ќе можат да работат заедно за да ги решат основните причини за украинската криза, да најдат урамнотежена, ефективна и одржлива безбедносна архитектура и да постигнат долгорочен мир и стабилност во Европа, истакна Гуо.
Подготвено од М.Д.