
07.02.2025 Скопје
Социјалдемократскиот сојуз алармира дека сметките за струја за јануари биле повисоки за 30 отсто. До тие информации дошле откако до нив стигнале гиолем број поплаки од граѓаните, а сметаат дека се должи на укинатите субвенции за струја.
„Власта на Мицкоски и на ДПМНЕ ги укина субвенциите на цената на струјата за домаќинствата со што изврши уште еден удар врз џебот и стандардот на народот.
Голем број граѓани се жалат за огромните сметки за стуја коишто им се пристигнати за месец јануари и кои се значително поголеми од минатите месеци.Сумите некаде се толку високи што луѓето бараат начин како да ги подмират. Други, пак, бараат коригирање на сметките.
Граѓаните реагираат дека јануарските сметки за струја им се покачени за 20% а некаде дури и за 30%.
Граѓани од Прилеп, Велес, Куманово, ни доставија сметките до нас платиле неверојатни 8.000 денари за струја во месец јануари или 2.000 денари повеќе од минатиот месец.
Тоа се точно 30% повеќе пари, поголеми сметки. На енормно високите цени на струја се жалат и компаниите.
Ова е директна последица на одлуката на Владата на Мицкоски за укинатите субвенциите за струја“, се вели во објавата од СДСМ.
Подготвено од М.Д.