6653_tomas-vais-profimedia-0789062983_og

25.02.2025 Скопје

Европратеникот и постојан известувач на Европскиот парламент, Томас Вајц денеска ќе го посети Собранието на Република Северна Македонија.

Како што информираат од собраниската прес-служба, Вајц ќе оствари средба со раководството на коалицијата „Влен“, а ќе се сретне и со Иванка Василевска, копретседавачка на МПК – РСМ и ЕУ и со лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Австрискиот европратеник во октомври лани бешеименуван за нов известувачна Европскиот парламент за Република Северна Македонија.

Тој доаѓа на местото на бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој ја извршуваше оваа функција.

Подготвено од М.Д.

About Author