
22.02.2025 Скопје
Италија има најстаро население во Европа, а просечната возраст во земјата е 48,7 години, соопшти денеска Евростат.
Во соопштението се наведува дека ова е за четири години повеќе од просечната возраст во Италија во периодот од 2014 до 2024 година.
Се истакнува дека просечната возраст на населението во ЕУ е 44,7 години, што е за 2,2 години повеќе од 2014 година, пренесе италијанска новинска агенција.
Евростат наведува дека Ирска има најмлада популација во Европа, со просечна возраст од 39,4 години. Се посочува дека стареење на населението е забележано во сите земји на ЕУ, со исклучок на Малта, каде просечната возраст на населението е намалена за 0,7 години и Германија, каде што е намалена за 0,1 година.
Стареењето на населението е поизразено во Грција, Италија, Португалија и Словачка со просечен пораст од четири години, додека просечната возраст во Кипар, Шпанија и Полска е зголемена за 3,8 години, објави Евростат.
Подготвено од М.Д.