supermarket

24.02.2025 Скопје

Може ли новиот Законот за вонредни мерки за контрола на цените да ја запре инфлацијата во Хрватска? Дали автоматизираните програми ќе им помогнат на клиентите во секое време да видат која продавница има најевтина цена за одредена храна? Дали ова конечно ќе воведе вистинска пазарна конкуренција меѓу големите трговски синџири? Дали казните до 30 илјади евра можат да го спречат ловот во темница? Ова се прашањата кој протекоа во јавноста после донесувањето на законот.

Според овој закон, трговците во Хрватска ќе бидат обврзани редовно да ги објавуваат и ажурираат цените на сите нивни производи на нивните веб-страници и да овозможат непречен пристап до дигитални алатки кои ќе им даде на клиентите можност да ги споредуваат цените во реално време.

Секој продавач ќе мора јасно да ја наведе, покрај моменталната малопродажна цена, и претходната малопродажна цена на производот од одреден период или одреден ден. Ова ќе овозможи полесно следење на промените на цените и транспарентно информирање за потрошувачите.

Законот, кој стапува на сила на првиот ден од објавувањето во Службен весник, пропишува и ограничувања на цените за клучните производи и услуги, како и јасно означување на производите со ограничени цени.

Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ посочи дека со ова се заокружува законската рамка врз основа на која Владата постапува во вонредни околности за преку административни мерки да обезбеди потрошувачката кошничка, која е најважна за најранливите граѓани, да биде достапна и прифатлива.

Предлог-законот предвидува и регулирање на цените на основните производи и услуги, како и јасно означување на производите чии цени подлежат на ограничувања. Трговците ќе бидат обврзани визуелно да ги означат овие производи, а во продавниците за малопродажба поголеми од 400 метри квадратни да обезбедат посебни оддели специјално за овие артикли.

„Законот дава добра правна основа за сите можни дејствија во согласност со член 6 што може да ги преземе Владата. Ние веќе донесовме одлука на 5-ти февруари, со проширување на списокот со 30 производи со ограничена цена на дополнителни 40. Сметаме дека ова е добра мерка. Дадовме детални инструкции на трговците на мало и деловните здруженија и сосема сме уверени дека тоа многу ќе помогне. Пресметавме дека корпата сега е до 20 отсто поевтина и нутритивно подобра. „Дополнителна новина е што сите големи трговци мора да ги објават своите цени на нивните веб-страници за граѓаните да можат да користат пребарувачи за да добијат информации каде вреди да се оди“, изјави Иво Милатиќ, државен секретар во Министерството за економија во Хрватска.

Трговците на мало кои нема да ги почитуваат прописите за транспарентност на цените, рекламирање и прикажување ограничени цени може да се соочат со значителни казни. Износите се движат од 3.000 до 30.000 евра, а во случај на прекршок предвидено е и конфискација на имотна корист стекната со непочитување на законот.

Подготвено од М.Д.

About Author