FABRIKA DREKSLERMAJER

28.02.2025 Скопје

По 17 години работење во Србија, германската компанија Дрекслмајер, светски произведувач за кабловски сетови за автомобилската индустрија, одлучи да го затвори својот погон, пренесуваат српските медиуми.

Затворањето е во 2026 година, а без работа ќе останат 2.000 луѓе. Информацијата ја потврдиле од Индустрискиот синдикат во Србија.

Како причина за затворањето се наведува кризата во автомобилската индустрија која трае извесно време. Драган Матиќ од синдикатот вели дека тие ги затвораат погоните ширум светот.

Како што вели, работниците се надевале дека бројот ќе биде намален, но не и дека ќе дојде до затворање. Бирото за вработување веќе е контактирано, затоа што голем број луѓе таму ќе завршат. Ова е многу тешка ситуација, затоа што има и брачни двојки што работат таму.

Оваа германска компанија од 2007 година работи во Зрењанин, а од 2018 година има и четири хали. Од 2007 до 2012 година, оваа компанија добивала и субвенции. Во еден период компанијата добила скоро 4 милиони евра помош за вработување на 800 работници.

Пред пандемијата имале 6.251 работници, односно 17.8 отсто од работниците во Зрењанин, а потоа бројката се намалувала и стигнала до 2.000.

Подготвено од М.Д.

About Author