ESTONIJA

18.02.2025 Скопје

Естонците дишат најчист воздух во Европа.

Според извештајот „Воздухот што го дишеме“, Естонија е државата со најчист воздух во Европа, со оценка од 75,3 од можни 100. Оваа балтичка земја има строги еколошки политики, ниската густина на население и вложувањата во обновливи извори на енергија.

Рангирањето на земјите според чистотата на воздухот се заснова на Индексот на еколошки перформанси. Овој индекс ги зема предвид неколку клучни фактори, вклучувајќи:
• Емисиите на стакленички гасови – вклучително и јаглерод диоксид (CO2)
• Степенот на јаглеродна неутралност
• Имплементацијата на политики за заштита на животната средина
• Проширувањето на шумите и нивната улога во апсорпцијата на загадувачите
• Користењето на обновливи извори на енергија наместо фосилни горива

Зад Естонија се Луксембург (75), Германија (74,6), Финска (73,7), Велика Британија (72,7), Шведска (70,5), Норвешка (70), Австрија (69), Швајцарија (68) и Данска (67,9). За разлика од нив, балканските земји имаат сериозни проблеми со загаден воздух.

Подготвено од М.Д.

About Author