
12.02.2025 Скопје
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен ја потврди посветеноста на ЕУ за фер трговски односи со САД за време на билатералната средба со американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, на маргините на самитот на Глобалното партнерство за вештачка интелигенција (ГПАИ) во Париз, објави ЕУ.
Се наведува дека Фон дер Лајен и Венс ја истакнале силата на односите ЕУ-САД и нивната клучна улога на геополитичкиот пазар.
Фон дер Лајен и Венс разговараа за безбедносните и технолошките предизвици, а претседателот на ЕК му кажа на Венс дека со нетрпение чека да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
Подготвено од М.Д.