Serbia,And,Kosovo,Conflict.,Country,Flags,On,Broken,Wall.,Illustration.

14.02.2025 Скопје

Шефицата на дипломатијата на Европската Унија Каја Калас најави можност за преиспитување на форматот на дијалогот за нормализација на односите на Србија и Косово, кажувајќи дека слушнала критики за досегашниот пристап кон овој процес.

Таа во интервју, наведе дека со новоименуваниот специјален претставник за дијалогот на Србија и Косово Петер Соренсен во март ќе разговара како понатаму со дијалогот.

„Бидејќи, јасно е дека нормализација на односите им е потребна на двете земји. Ако мислат дека можат да тргнат по европскиот пат без нормализација на односите, според моето мислење тоа не е можно. Истовремено, слушам и критики на сметка на овој формат. Значи, јас навистина сакам да видам како овој процес можеме да го направиме функционален“, изјави Калас.

Високата претставничка на Европската Унија за заедничка надворешна политика и безбедност потврди дека за ова веќе разговарала со министерот за надворешни работи на Србија кој, според неа, ја потврдил спремноста за напредок во процесот на нормализацијата.

Сега, како што укажа Калас, се очекува формирање на нова влада на Косово па потоа европската страна ќе биди како ќе оди понатаму во овој процес.

Во процесот на дијалогот сега се вклучени нови лица од ЕУ. Калас ја презема функцијата на шефица на ЕУ дипломатијата, која до 1 декември ја вршеше Жосеп Борел. Данецот Петер Соренсен во јануари беше именуван за нов претставник на Брисел за дијалогот, наследувајќи го Мирослав Лајчак чиј мандат истече на 31 јануари.

Во текот на минатата година не дојде до средба на лидерите на Србија и Косово во рамки на дијалогот.

Избори на Косово се одржаа на 9 февруари и сега се очекува формирање нова, најверојатно коалициска влада во Приштина.

Дури по формирањето на владата, и под услов во Србија да не се распишат избори, европската страна може да смета на можно придвижување на процесот кој практично е во застој од 2023 кога лидерите на Србија и Косово го постигнаа, но не го потпишаа, договорот за патот кон нормализација на односите.

Ниедна страна до сега не примени ниеден член од овој договор.

Подготвено од М.Д.

About Author