
10.02.2025 Скопје
Продажбата на електрични автомобили во Германија значително се зголеми минатиот месец.
Во јануари се регистрирани вкупно 34.498 нови електрични автомобили, што претставува зголемување од 53,5 отсто во споредба со истиот месец лани и историски рекорд за јануари.
Федералната управа за патен сообраќај (КБА) соопшти дека пазарниот удел на електричните автомобили бил 16,6 отсто во јануари.
Дали се менува интересот на германските купувачи или се работи за нешто друго?
Се уште се очекува зголемување на продажбата на електрични автомобили, а причината лежи во одложувањето на новите регистрации и испораки во декември. Имено, тоа беше тактички потег кој на производителите на автомобили им даде подобра позиција во новата 2025 година.
Европската унија воведе многу построги правила во врска со емисиите на CO2 (за дизел, бензин и хибридни автомобили), па затоа им се исплатеше на производителите да ги одложат испораките на нови автомобили до 2025 година.
Исто така, производителите ќе се обидат да привлечат купувачи со пониски цени за електрични возила.
Во меѓувреме, Tesla доживува огромен пад на германскиот пазар. Регистриран е пад на продажбата од цели 60 отсто, со продадени само 1.277 возила.
Се верува дека причината за овој неуспех е делумно политичкиот став на косопственикот и извршен директор на Tesla, Илон Маск, кој јавно ја поддржува германската крајнодесничарска партија AfD.
Подготвено од М.Д.