iskopuvanje nafta i gas

14.02.2025 Скопје

БДП на Норвешка се намали во четвртиот квартал, според податоците на Статистика на Норвешка објавени во вторникот, што укажува на тоа дека економијата влезе во рецесија на крајот на 2024 година, со континуиран пад на активноста во секторот за нафта и гас.

Во периодот од октомври до декември, БДП падна за 0,6 отсто во однос на претходните три месеци, кога ревидираните податоци покажаа пад од 1,6 отсто. Норвешка официјално влезе во рецесија, бидејќи економската активност паѓа два квартали по ред.

Активноста во секторот вадење нафта и гас и транспорт е намалена за еден процент во однос на летниот квартал кога е забележан пад од 5,1 отсто. Кога во пресметката се исклучува секторот нафта и гас, БДП падна за 0,4 отсто во четвртиот квартал, по речиси истиот процентуален раст во претходните три месеци.

Извозот на нафта и гас е намален за еден процент, откако во летните месеци падна за шест проценти. Потрошувачката на домаќинствата и претпријатијата остана на исто ниво како и во претходниот квартал.

Во 2024 година во целина, БДП порасна за 2,1 отсто, по стагнацијата во 2023 година. Активноста во енергетскиот сектор порасна за 4,9 отсто, по падот од еден отсто во 2023 година. Кога енергетскиот сектор е исклучен од пресметката, растот беше 0,6 отсто, речиси исто како и претходната година.

Подготвено од М.Д.

About Author