
24.02.2025 Скопје
Претседателот на Република Српска (РС) Милорад Додик во Бања Лука изјави дека во среда нема да оди во Сараево на изрекување на пресудата на Судот на Босна и Херцеговина (БиХ) против него, поради неисполнување на одлуките на високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит.
Додик ги повика граѓаните, кои изминатава година се собираат пред Судот на БиХ во Сараево и му даваат поддршка, тој ден да се соберат пред Народното собрание на РС во Бања Лука.
„Нема да одам (на изрекувањето на пресудата) и не морам. Никој не ме тера на тоа. Помина долго време откако некој не беше прогонуван од политички причини. Ќе се обидеме да разговараме до точка на исцрпеност, ако тоа не успее, имаме план Б“, изјави Додик за новинарите по состанокот на Градскиот комитет на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) од Бања Лука.
Тој изјави дека РС „ќе стори сé што е во согласност со Уставот на Босна и Херцеговина“, додавајќи дека прво ќе ја покани Федерацијата на Босна и Херцеговина да преговара за враќање на, како што рече, Дејтонскиот устав.
„Ако не го сторат тоа, тогаш ќе треба да донесеме одлуки. Во тој случај, РС ќе прогласи дека Уставот на БиХ пропаднал, дека го урнале и дека прифаќаат законите да се носат вонуставно, бидејќи Уставот вели дека само Парламентарното собрание на БиХ и никој друг не може да носи закони“, рече Додик.
Планот Б, како што наведе, е одлуката на Република Српска за нејзиниот независен пат.
Според него, на дело е „пеколен план“ да се урне сегашниот најголем авторитет во РС, односно него, до точка да се спречи да се занимава со политика, а доколку продолжи да го прави тоа, да го затворат од политички причини.
„Одамна е минато време некој овде да биде прогонуван од политички причини. Ме гонат за политика, се со цел брзо, да видат дека се менува геостратешката положба, што поскоро да се стави крај на имотната приказна во која, ако ме осудат, веќе никој жив нема да се жали, бидејќи се оди на судска постапка“, рече Додик.
Тој повторно ги нарече предавници претставниците на Српската демократска партија (СДС), бидејќи го повикаа да поднесе оставка и на тој начин „да го спречи уништувањето на РС“.
Изрекувањето на пресудата за Додик и вршителот на должноста официјален гласник на РС, Милош Лукиќ е закажано за среда, 26 февруари.
Во вторник во Бања Лука е закажана седница на Националното собрание на РС за да се одбележи пресудата, а СНСД на Додик ги повика граѓаните тој ден да се соберат пред зградата на парламентот на ентитети, на митингот наречен „За претседателот, за Српска, за институциите“.
Подготвено од М.Д.