
28.02.2025 Скопје
Здравјето на цревото е од клучно значење за целокупното здравје, кое влијае на сè, од регулација на тежината до ментална благосостојба и здравје на дебелото црево.
Исхраната игра клучна улога во одржувањето на здрав дигестивен систем, а одредена храна може да го намали ризикот од развој на рак на дебелото црево. Со оглед на зголемените стапки на оваа болест, особено кај помладите возрасни лица, од клучно значење е да се донесат паметни одлуки за исхраната.
Конзумирањето овошје богато со влакна и антиоксиданси може да ги поддржи цревните бактерии, да го намали воспалението и да го подобри варењето.
Гастроентерологот Др. Џозеф Салхаб сподели на Инстаграм четири вида овошја кои можат да помогнат да се заштити здравјето на цревата и да се намали ризикот од рак на дебелото црево.
Агруми
„Агрумите се полни со антиоксиданси и витамин Ц, кои се корисни за цревните бактерии“, објаснува др. Салхаб.
Портокалите, грејпфрутот, лимонот и лиметата го поддржуваат дигестивното здравје и помагаат во борбата против оксидативниот стрес.
Киви
Кивито е извор на влакна и хранливи материи кои го поддржуваат варењето, а др. Салхаб лично ги истакнува како еден од најдобрите избори за здравјето на цревата.
„Сите знаат колку го сакам кивито. Тоа е полно со влакна, што е исклучително корисно за цревните бактерии“, вели тој.
Покрај тоа, киви промовира редовно варење и може да помогне со запек.
Јаболка
Др. Салхаб потврдува дека јаболката имаат силно заштитно дејство на дебелото црево.
„Јаболката се пребиотик“, истакнува тој, објаснувајќи дека пребиотиците ги хранат добрите цревни бактерии и помагаат да се одржи здрав микробиом.
За едноставна и здрава ужина тој препорачува: „Исечкајте едно јаболко, посипете го со цимет и додадете малку мед – вкусна и здрава закуска!“
Лубеница
Лубеницата е исто така на листата на Др. Салхаба поради моќниот ефект врз намалувањето на ризикот од рак. Тајната лежи во високата содржина на ликопен, моќен антиоксиданс познат по своите заштитни својства.
„Ако сакате дополнително да го подобрите заштитниот ефект, додадете малку лимета во лубеницата“, препорачува тој.
Подготвено од М.Д.