NIS-naftena-industrija-srbije

27.02.2025 Скопје

Американските санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) се одложени за 30 дена, објави утрово српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Добивме дополнителни 30 дена за НИС. Една добра вест за граѓаните на Србија“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.

Претседателот на Србија објави и дел од писмото на американското Министерство за финансии со кое се одложуваат санкциите за НИС до 28 март.

Санкциите требаше да стапат на сила во 6 часот утринава.

Претходно, НИС, со поддршка на Владата на Србија и Владата на Унгарија, поднесе барање до Канцеларијата за контрола на странски средства на САД (OFAC) за 90-дневно продолжување на рокот за примена на санкциите.

Подготвено од М.Д.

About Author