
25.02.2025 Скопје
Албанија и ова лето ќе има потреба од странски работници.
Кујтим Дервиши од Здружението на ресторани и гостилница истакна дека и годинава, во пресрет на летната туристичка сезона, баровите, рестораните и хотелите имаат недостиг на работници.
Само на крајбрежјето има потреба од над 2.000 работници, готвачи, келнери, шанкери, хигиеничари, но и возачи, туристички водичи и менаџери.
Според податоците на Национална агенција за вработување и вештини (АКПА) минатата година во Албанија со редовен договор за вработување биле ангажирани над 13.000 странски државјани.
Доминираат италијански, турски и индиски, а не е мал процентот и на македонски, косовски и пакистански државјани.
Подготвено од М.Д.