original-26051-kia-ev3-baseline-frost-blue-static-hires-005

30.01.2025 Скопје

Kia EV3 е прогласен за најдобар автомобил за жени во 2025 година, во компактниот SUV сегмент. Женскиот светски автомобил на годината (WWCOTY) е избран од жири составено од 82 автомобилски новинарки од 55 земји во светот.

Kia EV3 ја освои наградата во својот сегмент врз основа на критериуми како што се безбедност, квалитет, цена, дизајн, леснотија на возење, перформанси и влијание врз животната средина.

Овој автомобил е способен да патува до 605 km (WLTP), а се заснова на електрично-глобалната модуларна платформа (E-GMP) на Hyundai и „позајмува“ одредена технологија од поскапите модели EV6 и EV9.

Kia тврди дека досегот се зголемува на речиси 773 km кога се вози исклучиво во урбани средини, а негов најблизок конкурент е Tesla Model 3, еден од најпродаваните електрични автомобили во Европа.

Долгиот домет конкретно се однесува на поголемата батерија со капацитет од 81,4 kWh, додека помалиот пакет има капацитет од 58,3 kWh со домет од приближно 465 километри.

Покрај импресивниот опсег, Kia носи и брзо полнење на возилото. Брз полнач од 400 волти полни помала батерија од 10% до 80% за 29 минути, а поголема за 31 минута. Цената во европските земји е од 35.000 до 49.000 евра, во зависност од моделската верзија и државата.

Победниците во категориите 4×4 и пик-ап, голем SUV, голем автомобил, перформанси и луксузни автомобили и урбани модели остануваат да бидат објавени.

После тоа, Kia EV3 ќе им се придружи во изборот на дефинитивниот победник и добитник на наградата WWCOTY за 2025 година. Овој победник ќе биде објавен на 6-ти март, два дена пред Меѓународниот ден на жената.

Подготвено од М.Д.

About Author