https://www.facebook.com/MKAUSPRIDE/photos/basw.Abo-B9SR7sKXUAhzrmk3Dn4mxgKDQ07ucGcq95kzULB9bDIDRiqKTNfwxMQxiYKYGOBlqz2bER5r9jyNXM6HtNriD6QUfHCvGCFLVI4Mey5mLRxARwTPkBD7ahDpiNe0dt7aH0lHit-hC4FYSXWlhMR23SuDldAfynhtnbrw9tS94w_2SpEmbb7fRQEtACFDlUM/2027430383994947/?opaqueCursor=AbrgbgmRnLYOnC5hbBEjj-nTVAWYj-ht0HZPk8w5-HK2oXOiAum6n5ALOqN1LSK5JnQh4T3gyoJdMIx3bRzscqGUYV5jUYyZaq1RhcE_O0N-lLpGaLCLQZa5XMpRPKC1sjUuaVUQMK9PQKVb1AlEX-0nsFaA0LKULTdnzp50GB6TVxFvkvG6eaV_LTo7tQ9yW0AWjuCtgnqcGLtVoPwOaT3jOMzqg05zWA5HlwUbHB1DMr8AyZAu6eDRG8oEtRRzSJPebzqIB705ZvaB1EBHJoMoLyd_6OAusyNMG0y2c-JGUtX1s6RZ4Mnio0nAn3Nx8DjyV7XuS0ebp33pqY5jOMd0TW5v_0h9UVFlPt6pyoUsjJHo1aah98pZhA2hycq8ynXC0jVlQxXEvHNfN5_zGjtsm4ot8ahtNDe-xEJlQbDAjMTD7OgmJnpvgb7BVLdHVMehufWLzivjt589rW5mmOVjNqjIiw048M_kj6CI_xxs5hUXgCePz1YRsSMdU0IITxGJa8wxMtfLUO_ZiEd4kDw9OY7v9lh26z_87Rgu-u2lqL94ZX5pYDdcmbuAg-u0kBGn8yjyKj_rMhJUSvCWeNHat0jRI8CYwSuIbFUY_XsrvjiR0TcbXg9AD0RJAQNH8mZzcqVw3wXtL7A3nfxAFLZWWzrj1sLyw0siHKtldYUN8vz-cgxI6vcyPMePCzwVfflQpcokQcWccHsR0FMjwmamgC8GkXAHtSBFpjittu4NZ6AfjfArOnko_rbpVK95z9Gf8ATpdOf_c05trwhSflyCgDNF5GP1jD-phbN2F5O1y3NQcsCT2hDLyptO6QcLXgdLlnelt_fJl5cYorIoBq6j7Fr6tr2H3yu1twL4TkN0Hs6PxuJq8OjzW55Qiqv77ijFniUqcIqRhwHOrJYqG5dZDQGpxZOYAvoOG8UTyB5l0g

30.01.2025 Скопје

Покрај Игор Николов кој треба да замине за амбасадор на Франција, предложени се уште тројца нови амбасадори за Украина, Јапонија и Хрватска. Извори од Владата потврдуваат дека за амбасадор во Украина е предложен Димитар Блажевски, за амбасадор во Јапонија, Андријана Цветковиќ и за амбасадор во Хрватска, Драган Ѓурчевски.

На владина седница донесена е и одлука за почнување на постапка за отпвикување на девет актуелни амбасадори. Меѓу нив се амбасадорката во Бугарија, Агнеза Руси-Поповска, во Црна Гора, Зеќир Рамчиловиќ, во Белгија – Методија Белевски, амбасадорката и постојана претставничка на РС Македонија при Советот на Европа, Светлана Гелевева, како и амбасадорот и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, Пајо Авировиќ.

На оваа листа се и амбасадорите во Босна и Херцеговина – Јакуп Реџепи, во Чешка – Емил Крстевски, во Шведска – Џенк Сејфула,како и Катерина Ставреска, амбасадор во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Подготвено од М.Д.

About Author