lekovi

29.01.2025 Скопје

Администрацијата на Трамп го запре снабдувањето со лекови од животна важност против ХИВ, маларија и туберкулоза за земјите кои ги поддржува американската агенција за помош (USAID), се наведува во дописот.

Изведувачите и партнерите кои работат со Американската агенција за меѓународен развој (USAID) започнале во вторникот да примаат барања во кои им се соопштува дека веднаш мора да престанат со работата, рекоа изворите.

Овој потег е дел од поширокото замрзнување на американската помош и финансирање што Доналд Трамп го нареди по преземањето на должноста и ќе трае додека не се спроведе ревизија на програмите. Еден таков допис бил испратен до Chemonics, голема американска консултантска фирма која соработува со USAID на снабдувањето со лекови за бројни болести низ светот.

Дописот се однесува на делувањето на компанијата во врска со снабдувањето со лекови против ХИВ, маларија и туберкулоза, како и контрацепција и залихи за здравје на мајката и детето, изјавил извор од USAID и поранешен функционер на USAID.

„Ова е катастрофално. Донираните залихи на лекови ги одржуваат во живот 20 милиони луѓе кои живеат со ХИВ. Тоа престанува денес“, рекол Атул Гаванде, поранешен шеф за глобално здравство во USAID, кој ја напуштил агенцијата овој месец.

Подготвено од М.Д.

About Author