15.01.2025 Скопје
Доналд Трамп ќе зборува онлајн на годишниот состанок на глобалната политичка и деловна елита во Давос следната недела, неколку дена по преземањето на функцијата претседател на САД, соопшти денеска Светскиот економски форум.
Трамп ќе положи заклетва во Капитол во Вашингтон в понеделник, 20 јануари, на првиот ден од собирот на Светскиот економски форум на швајцарските Алпи.
„Тој ќе ни се придружи дигитално“ на 23 јануари. Сметаме дека тоа ќе биде многу посебен момент и да дознаеме повеќе што има новата администрација (во однос) на приоритетите на политиката“, рече претседателот на Светскиот економски форум, Борге Бренде, на брифинг со новинари.
Агендата на форумот оваа година се одржува под официјалната тема „Соработка за интелигентно доба“.
Борге рече дека шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и кинескиот вицепремиер Динг Ксуексианг исто така ќе се обратат на Светскиот економски форум.
Подготвено од М.Д.