SHVAJCARIJA

09.01.2025 Скопје

Швајцарија како најголем светски „офшор“ центар на богатство, долго време го носеше епитетот – најпривлечен дом за богатите луѓе на планетата. Сепак, последниве години, по прашањето на поволностите што ги нуди, таа се соочува со силна конкуренција од страна на други земји. На пример, за богатите Руси и Индијци, Обединетите арапски емирати се покажаа како поголем магнет, а Сингапур и Австралија, пак, се посакуваната дестинација за азиските милионери.

Што се случи со Шанаја Твејн, Тина Тарнер, Фил Колинс? Од некакви причини сите завршија во Швајцарија. Исто така – кога последен пат сте виделе група фотографи во Шајцарија да стојат пред домот на некоја ѕвезда, политичар или бизнисмен? Одговорот е – најверојатно, никогаш. Ова е можеби единствената земја на светот каде што богатите и познатите може да се шетаат по најфреквентните локации, без некој да ги вознемирува. Поради големиот респект кон сечија приватност, во Швајцарија дури и самиот збор „селебрити“ звучи чудно и туѓо.

Се разбира, стравот од натрапливите медиуми и камерите не е единствена причина што богатите и познатите ја избираат Швајцарија за свој дом. Главната причина се, всушнот, надалеку познатите швајцарски даночни поволности кои се вистински магнет за мултимилионерите.

Швајцарија како најголем светски „офшор“ центар на богатство, долго време го носеше приматот како најпривлечен дом за најбогатите луѓе на планетата. Оваа алпска држава нуди стабилен систем, идилична природа, можност за инкогнито живот и издашни даночни олеснувања за богатите. Низ децениите, рок ѕведи, врвни спористи, успешни бизнисмени и други богаташи биле пречекувани во различни швајцарски кантони кои давале сѐ од себе за да ги намамат посакуваните гости.

Еден од првите попознати милионери мигранти привлечен од овие даночни поволности е основачот на шведскиот бренд „Икеа“, Ингвар Кампрад, кој се пресели во Швајцарија уште во далечната 1976 година.

Според последните анализи, сега најбогатиот жител на Швајцарија е Жерар Вертхајмер, француски бизнисмен, кој решил да се скраси во Женева. До крајот на годинава се очекува уште стотина странски милионери да го следат примерот на косопственикот на лускузниот бренд „Шанел“

Геополитичките превирања и промената на режимите во некои земји го забрзуваат егзодусот на милионерите од нивните родни земји во поблагопријатни делови на светот според „Хенли & Партнерите“. Оваа фирма, специјализирана за логистика при преселување, во догледно време предвидува доаѓање на уште 1.500 милионери во Швајцарија.

Засилените економско-политички турбуленции ќе резултираат со промена на местото на живеење на 128.000 милионери, се наведува во известувањето на оваа фирма за 2024 година. Некои ќе ги напуштат своите матични региони заради судири, војни или репресивни режими, други ќе бидат протерани со санкции, а некои, едноставно, ќе трагаат по пониски даночни оптоварувања.

„Секој кој создал богатство, сака да го сочува за своето семејство. Токму поради ова, сигурноста и безбедноста на тоа богаство е одлучувачки фактор во изборот на местото на живеење“, вели швајцарскиот финансиер Ерик Сарасина за швајцарските медиуми. „Додека политичките напнатости се зголемуваат речиси секаде, јас Швајцарија ја гледам како оаза на стабилност“- вели тој.

Никогаш претходно толку милионери не го кренале сидрото и не тргнале во потрага по подобар живот во текот на една година, велат од „Хенли & Партнерите“.

Пред две години, десетици најбогати Норвежани дојдоа во Швајцарија за да им побегнат на промените на даночниот режим во нивната матична земја. Исто така, голем број богаташи сега се подготвуваат да ја напуштат Британија, откако новата влада одлучи да го смени даночниот статус за богатите мигранти.

УБС банката предвидува пад на бројот на милионери со седиште во Велика Британија од 17% до 2028 година.

„Од богатите луѓе во Британија добиваме сѐ повеќе побарувања секоја недела – многу повеќе отколку минатата година“, вели Штефан Пилер, шеф на даночното и правно одделение во одделот за даночно советување во Цирих, за „Фајненшал тајмс“. Холандија и Франција исто така го стегаат ременот и дискутираат за начините како да исцедат повеќе даночни приходи од своите најбогати жители.

Сепак, последниве години, по прашањето за поволностите што ги нуди, Швајцарија се соочува со силна конкуренција. На пример, за богатите Руси и Индијци Обединетите арапски емирати се покажаа како поголем магнет, а Сингапур и Австралија, пак, се посакуваната дестинација за азиските милионери.

Во Европа, Португалија и Италија ги прилагодија своите даночни системи, со цел да привлечат што поголем број богати жители.

Сепак, Швајцарија сѐ уште останува најпривлечна дестинација, но сега не е толку издашна како порано. Финансиската криза од 2007/2008 година ја поттикна нејзината влада да ги заостри правилата кои ги регулираат посебните даночни повластици што ги нудат кантоните. Некои кантони, како Цирих, гласаа за целосна забрана на оваа практика.

Според некои мислења, Швајцарија сѐ уште е премногу великодушна кон богатите. На почетокот од годинава, Младите социјалисти – младинското крило на левичарската Социјалдемократска партија во земјата, покренаа народна иницијатива за наметнување на 50% данок на наследството на богатите за да се помогне во финансирањето на мерките за заштита на климата.

Противниците, пак, се жалат дека ваков данок целосно би ја уништил привлечноста на Швајцарија како даночен рај.

Првите три места на најбогати луѓе во Швајцарија остануваат непроменети и во 2024, а доминира косопственикот на париската модна марка „Шанел“.

Сопственикот Жерар Вертхајмер, заедно со неговиот брат, кои ја поседуваат луксузната модна куќа „Шанел“, го задржаа првото место на листата од 300 најбогати луѓе во Швајцарија, што неодамна ја објави списанието „Билан“. И покрај делумниот пад на неговото богатство, Вертхајмер и натаму тежи околу 37 милијарди швајцарски франци (42 милијарди долари).

На второ место е смејството Хофман, кое ја контролира фармацевтската куќа „Рош“ од Базел, со капитал од 28-29 милијарди швајцарски франци (од 30,1 до 31,2 милијарди евра). Во 2023 година семејството собра околу 750 милиони швајцарски франци од дивидиенди, се наведува во коментарот.

Третото место му припаѓа на младиот Клаус Мишел Куне, со богатство од 27-28 милијарди швацарски франци (29,1 – 30,1 милијарда евра). Тој е мнозински сопственик на транспортната и логистичка група „Куне+ Нагел“ со седиште во кантонот Швиц.

Четврото место го зазема семејството Зафра, односно шефот на оваа приватна банка Џ. Зафра Сарасин, чија нето вредност се стабилизираше на 22-23 милијарди швајцарски францим (23,7-24,8 милијарди евра). Станува збор за приватна банка со повеќе од 180 години искуство во банкарското работење.

Петто на листата е семејството Апонтe со потеко од Италија – основачи на крузинг гигантот „Медитеранска шипинг компанија“ основан во Женева. Тој на ова место котира со своето богатство од 17-18 милијарди швајцарски франци (меѓу 18,3 и 19,4 милијарди евра).

Најновото известување за глобалното богатство што го објави Бостон Конслатинг групата покажува дека Швајцарија и натаму е префериран светски избор за складирање на богатството на странските милионери. Минатата година швајцарските банки и институции управувале со вкупно 2,1 милијарда швајцарски франци (2,4 милијарди американски долари) имот кој им припаѓа на богатите странци од целиот свет.

Подготвено од М.Д.

About Author