image (1)

30.01.2025 Скопје

Се дознава дека во патничкиот авион Bombardier CRJ70 носел 60 патници.

Има жртви, изјави доцна синоќа Тед Круз, сенатор од Тексас. Според претставници од авиоиндустријата и владата, во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот. Во воениот хеликоптер Black Hawk се наоѓале три лица.

Сударот се случил некаде пред 21 часот локално време, моменти пред слетувањето на патничкиот авионот. Леталата се урнале во реката Потомак.

За инцидентот бил информиран и претседателот Доналд Трамп.

Господ нека ги благослови нивните души. Благодарност за неверојатните напори на нашите екипите за итна помош. Ја следам ситуацијата и ќе споделам повеќе детали кога ќе станат достапни, изјави Трамп.

Националниот аеродромот „Роналд Реган“ во Вашингтон поради инцидентот синоќа беше затворен. На местото на несреќата можеа да се видат неколку десетици возила на службите за брза помош.

Подготвено од М.Д.

About Author