https://www.flickr.com/photos/koffeeexpress/46271348754/in/photolist-2duQKV5-21A1mi2-rehQ5t-qWRyCQ-ctfuAC-SSmdvX-qhCMSV-rerrvg-4ay6ni-9dx4Du-64DhLR-pCLbXv-2hoRgtA-7CHFj5-eABxfm-ohmNB7-7CHFXN-46uWgs-p2dawt-oFqw2T-5Ji3wQ-oFpKXx-dgkwvx-oVSKj7-7MRm9-aTRUdv-2hiL79V-6BAq3u-2jDXEp8-2hoRgRE-NAbD5G-ctfuJj-qX1tZn-2neixX2-edwxz4-fxwdLz-2fv8TUj-2mFLx5j-2jAfBGE-urNAc-22Vv9sV-2nGzsDy-2hpFJVV-5Ysrsu-deUPir-cm69pW-2jE2Nsy-2neEPra-H7MXsu-c6SK5

10.01.2025 Скопје

Пиењето кафе наутро може да има повеќе здравствени придобивки отколку да го пиете во текот на денот, покажува новото истражување.

Истражувачите сакале да видат дали времето од денот кога луѓето пијат кафе влијае на нивното здравје. Тие проучувале повеќе од 40.000 возрасни лица во Соединетите Држави како дел од долгорочни студии кои се однесуваат на здравјето, исхраната и начинот на живот.

Откриле два различни шеми на пиење кафе: оние кои пијат кафе наутро и оние кои го пијат во текот на денот. Повеќе од една третина (36 проценти) од учесниците пиеле кафе наутро, а 14 проценти од нив го пиеле во текот на денот.

Тим истражувачи предводени од експерти од Универзитетот Тулејн во САД ги набљудуваа учесниците речиси десет години. За време на следењето, 4.295 учесници починаа. Откако земале предвид различни фактори, истражувачите откриле дека луѓето кои пијат кафе наутро имаат 16 отсто помали шанси да умрат од оние кои воопшто не пиеле кафе. Тие, исто така, имале 31 отсто помали шанси да умрат од срцеви заболувања.

Немаше намалување на ризикот за луѓето кои пиеле кафе во текот на денот во споредба со оние кои не пиеле кафе.

„Пиењето кафе наутро може да биде посилно поврзано со помал ризик од смртност отколку со пиење кафе подоцна во текот на денот“.

Подготвено од М.Д.

About Author