pozar-hotel-turcija-crop-razmena

22.01.2025 Скопје

Во пожарот кој избувна ноќта кон вторникот во хотел во ски-центар на планините Болу во Турција загунаа 66 лица, а гостите во паника биле принудени да скокаат од прозорците среде ноќ.

Околу 51 лице, исто така, е повредено, изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја во ски-центарот Карталкаја во северозападна Турција.

Пожарот започнал околу 3:30 часот (0030 по Гринич) на катот на ресторанот на 12-катниот хотел „Grand Kartal“, соопштија властите.

Неколку противпожарни возила и амбулантни возила ја опколија јагленосаната зграда со дрвена фасада, со бели постелнини врзани едена на друга кои висеа од еден прозорец на горниот кат од каде луѓето се обидувале да побегнат.

Барис Салгур, гостин во хотел, изјави дека луѓето скокале од прозорците за да избегаат, вклучително и две жени на горниот кат кои ги повикал оние што беа пред зградата да ги подготват перниците. „Кога пожарот се приближи, тие веднаш скокнаа“, рече тој.

Друг гостин изјави дека тој и неговото семејство се разбудиле од пожарот, но не слушнале аларми, потоа излегле во ходниците исполнети со чад и на крајот скокнале од прозорецот на долниот кат во снегот.

Јерликаја рече дека имало 238 гости во хотелот во близина на неколку скијачки патеки. Рано попладнето остатоците од хотелот сè уште тлееја, покажуваат снимките емитувани на турските телевизии.

„Би сакал да ја споделам оваа болка, која е невозможно да се опише… Пожарот сега е изгаснат. Напорите за целосно задушување (на пожарот) се во тек. Бидејќи задниот дел на хотелот е на падина, напорите за гаснење може да се вршат само од предната и од страничната фасада“, изјави министерто Јерликаја.

Додаде дека противпожарните екипи почнале да се борат со огнот околу 45 минути по првиот повик. Во тек е истрага за пожарот, кој се совпадна со училишните празници кога многу семејства од блиските Истанбул и Анкара се упатуваат кон планините Болу за да скијаат.

Подготвено од М.Д.

About Author