23.01.2025 Скопје
Непал одлучи да ги зголеми таксите за дозволи за искачување на Монт Еверест за повеќе од 35 отсто, што го прави највисокиот врв на светот поскап за алпинистите за прв пат по речиси една деценија, соопштија денеска официјални лица.
Дозволата за искачување на Еверест, кој е на 8.849 метри, сега ќе чини 15.000 долари, што е за 36 отсто зголемување од претходната цена од 11.000 долари, која важеше речиси една деценија.
„Надоместокот за дозволата не беше ревидиран долго време. Сега го ажуриравме“, рече генералниот директор на Одделот за туризам, Нарајан Прасад Регми.
Новата цена ќе стапи на сила во септември и ќе важи за сезоната април и мај, како и за стандардната рута долж југоисточната страна на планината, на која за прв пат се искачија Едмунд Хилари и Тензинг Норгај во 1953 година за време на првата успешна искачување на Еверест.
Надоместокот за помалку популарните сезони – од септември до ноември – сега ќе биде 7.500 долари, а за искачувањето во ретко посетената сезона, од декември до февруари, планинарите во иднина ќе треба да издвојат 3.750 долари.
Подготвено од М.Д.