https://www.flickr.com/photos/followingcaminho/6537012121/in/photolist-aXDTXx-4RjihV-7d4CE9-7EMb6C-JBpj8S-v7oeeC-nUGZuM-6Fa6DJ-GGJeJB-7tEfQN-P4guHc-26aokuF-nwUz9W-5in3rW-SJmbN2-ACbQDC-2mVLKy7-2mgYvaa-jb8F3h-aWcj5t-qkRcuU-JHFj5V-2ngAAx4-CcfHAC-2iEAzGb-3bG3XR-7wPKJv-tEjWNi-2NJdRN-VKLbjH-9JRGpR-2mHZJ69-5Km3Jd-J6oegs-2mP5Tap-tYpuy-NMqss6-4N3BPs-2hjKh5T-siAhdY-7BmpWb-6sXiPo-24EA46Q-H6ivVh-2kQSmh2-YBdH1-9qH375-5CM9Zq-yr3KN-26aoK8T

03.01.2025 Скопје

Власта и синдикатите го продолжуваат процесот на „наддавање“ на висината на минималната плата. Синдикатите не отстапуваат од намерата минималната плата да биде 450 евра, но сега властите со своите пресметки стасаа до 400 евра. Работодавачите пак се друга приказна, тие велат дека не е проблем да се зголемува платата, но во моментов не гледаат доволно простор таа да се зголеми на висина која ја бараат преставниците на работниците.

И во оваа 2025 година работниците во РС Македонија остануваат на самото дно во регионот по висината на минималецот. Во моментов таа изнесува 22 500 денари, или околу 365 евра. Според најавите во март кога законски ќе треба да се зголеми минимланата плата таа ќе изнесува околу 400 евра. Тоа е реалната сума која ќе може да ја исплаќаат работодавачите и нема да направи турбуленции во однос на инфлацијата, сметаат надлежните. Но доколку работодавачите имаат финансиска моќ да исплаќаат повисок минималец, тоа власта ќе го направи и во јавниот сектор.

„По редовното усогласување на минималната плата, таа најверојатно ќе изнесува 24.400 денари. Проценката на Министерството за економија е дека минималната плата од март 2025 година ќе биде 24.400 денари, односно 400 евра. Висината на минималната плата во бруто износ секоја година се усогласува со 50 отсто од порастот на просечната исплатена нето плата за претходната година и 50 отсто од порастот на индексот на трошоците за живот, според податоците од Државниот завод за статистика. Според таа проценка, во март 2025 година, минималната плата би изнесувала околу 24.400 денари“, велат од Владата.

Од ССМ пак велат дека ваквиот однос на властите само покажува колку тие мислат на работниците. Во време кога не може да се задржи квалификуван работник во земјава, власта се ценка со синдикатите за висината на минималната плата. Наместо да ги зголеми сериозно во време кога мора да се направи иницијатива за задржување и мотивирање на македонскиот работник, тој добива само коска која ќе го држи за да преживее, а не да живее достоинствено.

„Минимална плата од најмалку 450 евра како гаранција за заштита на најранливата категорија на населението како и за спречување на одливот на работната сила, исплата на трошоците за храна на сите вработени во висина од 20 отсто од просечната плата, како и исплата на трошоци за превоз на сите вработени во висина на реалните трошоци за доаѓање и враќање од работа – се нашите главни приоритети“, велат од ССМ.

Од први јануари во Босна и Херцеговина држава која беше единствена под нас по висината на минималецот сега во оваа држава минималната плата од 310 се зголемува на 511 евра.

Подготвено од М.Д.

About Author