gerasimovski

29.01.2025 Скопје

Градоначалникот Горан Герасимовски вчера попладне одржа координативен состанок со вработените од јавното претпријатие Паркинзи на Општина Центар – ПОЦ, со цел мобилизирање преку акција за чистење на општината, откако градот Скопје повторно потфрли и го остави централното градско подрајче во смет.

На состанокот се дискутираше за акцијата којашто треба да започне утре со чистење на критичните места на територија на Општина Центар.

„Хигиената на Центар мора да ја сочуваме, не смееме да дозволиме поради негрижата од страна на градот Скопје централното градско подрачје да биде во смет. Имаме голем број на поплаки од граѓаните, да не си играме институционален пинг-понг. Доколку градот нема капацитет да ги исчисти улиците во Центар за која е надлежна, тогаш ние ќе си го исчиме ѓубрето. Од утре почнуваме со темелно чистење на улиците, со цистерна, две метларки и камион. Чистотата и здравјето на центарци е најважно“, вели Герасимовски.

Тој порача дека градот Скопје мора поажурно да се грижи за хигиената во градот затоа што со негрижата покажува тотална незаинтересираност за граѓаните, загрозувајќи го нивното здравје.

Подготвено од М.Д.

About Author