donald-tramp-bendzamin-netanjahu1-960x640

29.01.2025 Скопје

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ќе биде првиот странски гостин на новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во Белата куќа.

Од кабинетот на Нетанјаху синоќа соопштија дека израелскиот премиер ќе се сретне со Трамп следниот месец, а Белата куќа потврди дека е упатена покана. Канцеларијата на Нетанјаху го наведе 4 февруари како датум на посетата, додека Белата куќа не го прецизираше точниот датум.

Состанокот на самиот почеток на мандатот на Трамп може да се смета како силен гест на поддршка за Нетанјаху, кој се најде под жестоки меѓународни критики за војната во Газа.

САД се најважниот сојузник на Израел и најголемиот снабдувач со оружје, а познато е дека Трамп е многу поблиску до Нетанјаху отколку неговиот претходник Бајден. Тоа го покажаа неговите први потези по минатонеделната инаугурација.

Подготвено од М.Д.

About Author