15.01.2025 Скопје
Од вечерва до 18 јануари, во Драмски театар ќе се одржи „ Недела на претстави од независната сцена“. Се работи за селекција од пет претстави, кои што се финансирани од Министерството за култура и туризам, а авторите до сега немале можност да ги прикажат поради недостатокот на просторни капацитети, вели в.д. директорот на Драмски театар, Роберт Вељановски . Според него, целта на ревијата е и меѓусебно поврзување и соработка на младите театарските уметници и увид во можните идни кадри на Драмски театар. „ Неделата “ ќе започне со претставата „ Еволуција на распадот“, која режисерот Дамјан Димовски ја постави според трагедијата „ Отело“, од Вилијам Шекспир.
Најголемата провокација што излегува од драмата, фактички по „ Отело“ на Вилијам Шекспир, мене за создавањето на оваа претстава ми беше манипулацијата, која што се случува неизмерно секојдневно меѓу луѓето. Главната идеја во самата претстава беше да поттикнеме, да се видиме самите себе си, односно што им правиме на другите . И да ги забележиме тие луѓе околу нас, кои не манипулираат. И како ние да се заштитиме , односно да се ослободиме од нивните стеги во денешницата, рече Димитар Димовски, режисер на претставата „ Еволуција на распадот“.
Идејата е едноставно да се даде простор на независните продукции во РС Македонија, кои што се финансирани од Министерството за култура , а немаат простор каде да ги играат своите претстави, едноставно да можат некаде да се претстават. На мое огромно задоволство , новоизбраниот Уметнички совет на Драмскиот театар здушно ја прифати оваа иницијатива. И од пристигнатите 13 апликации , од кои што две беа претстави на аматерски театар и тие не влегоа во изборот, одбра 5 продукции на независни театари. Се отвораат можности независните продукции меѓу себе да ги разменат своите гледишта за театар. Второ, се отвора простор за Драмски театар, во иднина да регрутира некои нови , млади талентирани луѓе. И режисери , и сценографи, и костимографи , и актери. Што е многу важно за напредокот на театарската уметност во РС Македонија, кажа Роберт Вељановски в.д. директор на Драмски театар.
Подготвено од М.Д.