limonada-pexels-696x1044

10.01.2025 Скопје

Топлата зимска лимонада е пијалок за детоксикација кој ќе ве воодушеви по празничната сезона на уживање во силна храна и разни деликатеси, а ќе ви стане омилен сојузник секогаш кога ќе залади времето.

Освен што ве загрева, оваа топла, зимска варијанта на лимонада е одлична и после тежок празничен оброк.

Се што треба да направите е да исцедите еден лимон, да го измешате сокот од лимон со зачини и мед, да прелиете сè со топла вода, а вашата топла зимска лимонада е подготвена за уживање

Состојки:

2 лимони
1 лажичка мед
прстофат кајенски пипер
прстофат ѓумбир во прав
прстофат каранфилче во прав
250 ml вода

Постапка:

Едниот лимон исцедете го, а другиот исечете го на кришки.
Измешајте сок од еден лимон со мед и со зачините и прелијте со топла вода.
Додадете неколку парчиња лимон и послужете веднаш! Загрејте се и опуштете се!

Подготвено од М.Д.

About Author